Денес слушнавме уште една песна од репертоарот на г-динот Али Ахмети, со чаша виски и чад од пура од новиот премиер. Убаво е да се пее (потпевнува). Кој пее, зло не мисли!, пишува Трајко Славески на мрежата „Икс“.

Во далечната 1976 година, кога мојот врсник, господинот Али Ахмети, како што кажа денес од говорницата на македонското Собрание, бил наводно репресиран во кичевската гимназија, на околу 60 км југозападно од Кичево, јас и моите соученици (никако репресирани!) етнички Албанци во класот во охридската гимназија слушавме песни во изведба на легендите Оливера Катарина и Неџмије Пагаруша. Али слави со виски, а госпоѓата Неџмије во песната бара утеха за невозвратената љубов во вискито и во виното.
Морам да признаам дека млади луѓе, поборници за независна (Обединета) Македонија, од една страна, како и такви што сонувале за Голема Албанија, од друга, веројатно биле репресирани. Такви биле времињата!, пишува Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.