Владата ќе се обидува ситуацијата во државата да ја претставува во розово светло но инфалацијата во државата воопшто не е розова. Спроед нашите првични пресметки пропустот со еврообрзница не чинеше најмалку 18 милиони евра и е предизвикана дирекна штета на државата, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Додаде дека платена е превисока цена поради некоординираноста на владините ресори за еврообрзницата. Реконструцијата на оваа Влада првично не чини 18 милони евра.

„Кога беше издадена еврообрзницата на само 175 милиони евра што го стабилизираше пазарот во услови на замрзнати финанисиски пазари по 2008-та година каматната стапка на НБРМ беше 9% а сега е 5,25% тоа е основен репер со што треба да се споредуваме. Понатаму цената на нашите претходни лимитирани еврообрзници на лимитираните пазари беше над 10%“, рече Славески.

Славески е дециден дека поради пропуст или несогласување на министерот за правда со неговото разрешување па не ја потпиша навреме дозволата за еврообрзница направена е голема штета.

„Во блиска иднина некој ќе понесе одговорноста за оваа штета од десетици милиони евра заради пропустот со еврообрзницата, бидејќи е направена штета на државата“, изјави Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.