Почина новинарот Љупчо Јакимовски

Македонија 07.03.2023 / 8:04

По кратко боледување на 61 година во Скопје почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ.

Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година во охридското село Велестово. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.

Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио-телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.

Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017.

Љупчо Јакимоски ќе биде погребан в среда, 8 март, во родното Велестово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.