Растот на јавниот долг е резултат на состојбите во македонската економија, имаме една нетипична ситуација за која сум особено загрижен една дијагноза каде во исто време имаме раст на јавниот долг и опаѓање на продуктивноста на факторите особено во трудот на економијата. Тоа е нешто што посебно треба да загрижува“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24.
Тој посочи дека кога тој бил министер јавниот долг изнесувал 1,5 милијарда евра, а сега е повеќе од пет пати повисок
Има еден алармантен показател. Нашите стоки стануваат поскапи за странските пазари и партнери, увозните производи стануваат релативно поевтини и тоа ќе се покаже на трговскиот биланс и на платниот биланс – рече Славески.
Славески истакна дека долгот или задолжувањето е еден вид на терапија која не е лек.
Ние од 2016-та година имаме континуирано паѓање на продуктивноста на трудот а во исто време имаме раст на трошоците за труд и тоа мене ме потсетува недај боже на состојбата во Грција после 2000-та година кога ги билдаа трошоците за работна сила далеку над тоа што беше растот во Германија и после со финансиската криза и со должничката криза што ги зафати мораа да ги намалат платите за 30% – рече Славески.
Кога ќе почне трката за плати и цени, платите секогаш ја губат трката, еве како ја изгубија. Растат платите а цените растат уште повеќе и куповната моќ на реалната плата е намалена кај нас по официјални статистички податоци за 5%“, вели Славески.
Славески додаде дека идниот развој на настаните и движењето на инфлацијата во 2023-та година многу ќе зависи од овие фактори и тој би посакувал да се зголемат платите, а цените да останат на исто ниво, но тоа е неостварлив сон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.