Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

7 години СДС е централна власт. 7 години откако станаа власт со ветувањето за почист воздух. 7 години како и Скопје и цела Македонија се гушат во загадениот воздух.

20 милијарди евра се потрошени преку буџетите секоја година изминативе 7 години, а ниту едно евро не е суштински инвестирано за почиста животна средина или намалување на загадувањето на воздухот.

Ниту на локално ниво каде СДС ја имаше власта до пред една година не беше преземено ништо посуштински, не ги имплементираа ниту Заклучоците кои сами ги донесоа во Собранието.

Заедно со Арсовска и Левица во коалиција го гушат и Скопје. Нивниот партиски кадар, директор на ЈСП потпиша договор по тендер за набавка на гориво без вообичаениот рабат и со тоа го оштети претпријатието за 1.5 милиони евра, колку што истото им должи на приватните превозници и го остави Скопје со помал број на превозници во сред грејна сезона и голема загаденост.

Се што прави СДС е само за профит на поединци, а на штета на народот и на идните генерации, затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.