Независниот пратеник Скендер Реџепи од собраниската говорница денеска предупреди дека во иднина албански општини можат да си го бараат патот кон ЕУ доколку земјава не продолжи на европскиот пат.
Според Реџепи, Албанците во Македонија не треба да бидат заложници на неколку лица на патот кон ЕУ.
– Албанците не го оспоруваат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, но може во блиска иднина да се случат и други барања, каде што албански општини можат да го бараат патот кон ЕУ. Треба да имаме одговорност во Собранието – рече Реџепи.
Тој додаде дека историските проблеми помеѓу Македонците и Бугарите ќе останат и понатаму и не можеме да ги решаваме со пратеници туку со историчари.
– Најдобро решение е преку измена на Уставот и нашата иднина да биде во ЕУ. За Бугарите, Гоце Делчев е Бугарин, а за Македонците останува Македонец. Треба да се отворат хоризонтите на државата во Унијата – вели Реџепи.
Тој порача истакна дека ова е една шанса сите да патуваме заедно кон ЕУ и во ова патување имаме пречки поради некои индивидуални причини. После 30 години патување и труд на политичките актери, вели, ја враќаме Македонија во 90-тите кога земјата беше хранета со националнизам против Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.