Дека семејството Ахмети не е семејство на светци знаеме по најпознатиот претставник – лидерот на ДУИ и некогашен командант од УЧК, Али. Како човек кој веќе две децении е на власт, со неговото име и партија се поврзани многу афери и криминалии, кои, секако, засега не се санкционирани.

По неколкуте скандали околу неговите бизниси, вчера се потврди дека ни неговиот внук, Дрин Ахмети, не е „цвеќе за мирисање“. Иако на ОЈО не му беше интересно, јавноста не го заборави неговото, во најмала рака, сомнително превземање на „Соравија“, а вчера овој 25-годишен бизнисмен годината ја заврши со апсење, откако во багажникот на неговиот „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички полицијата пронајде 749 пиротехнички средства.

Неговиот татко, пак, братот на Али, Фекри, е поранешен затвореник и голем љубител на Албанија. Поради неговиот син, денес на социјалните мрежи повторно се споделува видео од 2019 година, на кое тој му дава чоколадо на коњ, иако и на дете му е познато дека и најмала количина кај животните предизвикува големи проблеми во здравјето, кои најчесто завршуваат со угинување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.