Арбен Таравари, лидерот на владиниот коалиционен партнер Алијанса за Албанците, го осуди упадот во македонски навигации во кој беа натепани контролори затоа што му се придружиле на синдикатот во отпорот против намерата на раководството да вработува партиски кадар.

Нападот на контролната кула на скопскиот аеродром е скандалозен инцидент од меѓународни размери.

Овој чин го загрози меѓународниот воздушен сообраќај и животите на стотици или илјадници патници кои можеби ќе настрадале како резултат на овој инцидент.

Ја поздравувам реакцијата на обвинителството и барањето за притвор на осомничените и очекуваме правдата да донесе правична и заслужена пресуда, ваквите дела да добијат соодветна казна и никогаш да не се повторат.

Воедно бараме од надлежните органи да го зголемат степенот на безбедност во овие објекти и институции, а да истражат и како неовластени напаѓачи успеале да влезат во контролната кула, напиша Таравари на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.