Во периодот од 14-17.10.2024 година во Охрид, Министерството за внатрешни работи, во со-организација со Регионалниот ИПА проект ЕУ4ФАСТ и Меѓународната организација за миграции спроведува „Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија со луѓе долж Источно-медитеранска рута“.

Преку симулирана размена на информации за прекугранични случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе со однапред подготвени сценарија е се со цел да се идентификуваат добрите практики на земјите учеснички од регионот, да се посочат увидените предизвици и заеднички да се дадат препораки за надминување на истите.
Активноста е од особено значење за согледување на состојбата на национално ниво од аспект полициско-обвинителска соработка, како и понатамошно зголемување на нашата соработка со сите држави кои се дел од Источно-медитеранската рута.

Само со интензивна соработка и меѓусебна, брза, ефикасна и непосредна размена на информации, можеме да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме на национално, регионално, како и на меѓународно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.