Дали знаевте дека Тешкото е 80 пати посилно од морфинот!
Македонија е единствената земја во светот која има 7/8 такт.

 

Со играње на орото на даден ритам, ние ги креваме вибрациите на Земјата и ги лекуваме нашите органи. Секое оро е одговорно за одреден орган, така што не мора да одиме на јога, да се кршиме, да вежбаме и да си ги опуштаме чакрите.

 

Беровката го лекува дебелото црево, Драчевката го тонизира срцето и лимфниот систем – ова оро работи во фрекфенцијата на љубовта. Како што знаеме, нè држат во постојан страв: од вести, болести, катастрофи, од економска криза. Постојан страв од нешто. Така си ја даваме енергијата на темнината.

 

Кога човек ќе почувствува љубов, тој вибрира на 50 херци, 150 е безусловна љубов (на пример, од мајка кон дете), 205 херци е самопожртвувана љубов. Пајдушкото оро ги крева вибрациите на љубовта, работи таму каде што е лимфниот систем. Тешкото има многу важна функција, бидејќи кога го играме, се ослободува ендорфин, кој ја ублажува болката и е 80 пати посилен од морфинот.

 

Не треба ништо друго да правиме, освен да свириме, играме и да ги пееме нашите песни, пишува Петар Силјановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.