Реакцијата во ЈСП е брза затоа што кризата е предлабока, поинаку реагираат луѓето кога има пристоен живот, а сега се работи за преживување, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, која е есперт од областа на локалната самоуправа, а која е и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Само интервју на телевизија Канал 5.

Имам разбирање и за оние кои протестираат, но и граѓаните кои живеат далеку од центарот. Не сум подлабоко упатена во проблемот само велам дека генезата на проблемот е од поодамна, но решенијата требало да бидат преземени посебно во ваква криза, рече Силјановска.

Коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на градоначалничката Данела Арсовска, Силјановска вели „веројатно мислат на тоа дека главната одговорност е нејзина таа ја има главната одлука или последниот збор за поставување на лица на функциите“.

Коментирајќи за тоа дека Арсовска постојано го навредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Силјановска вели „многу е бесмислено, да не речам многу глупаво да се користи шпицен градоначалник, шпицен значи за некој што е на врвот на листата“.

Кај претседателсаката и градоначалничката функција тоа се индивидуални функции, нема тука шпицен. Само градоначалничката може да биде шпицна сама на себе. Тоа шпицен градоначалник не значи ништо, нешто пред да се употреби треба добро да се размисли, вели Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.