Пратеничката Гордана Силјановска – Давкова смета дека има потреба од отворање на Уставот.

Предлагам да го отвориме Уставот по основа на експертски состав. Треба да се зафатиме со отстранување на елементи од Уставот. Пример спикерот да распишува избори. Па тоа е далеку од умот, вели Давкова во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Пратеничката е категорична дека имаме проблеми во Уставот.

Стравот постои од отворање на Пандорината кутија, оценува Силјановска-Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.