Ковачевски не си верува на себе или на заменик министерката за правда. Предлогот за хрватската преамбула дојде од владата, но се разбира, нашите министри и заменици читаат селективно и не знаат дека во правото, интерпретацијата не може да биде механичка. Не може да во набројаните малцинства да ги зацрните Македонците и да речете што и фали на Хрватска, изјави пратеничката Гордана Силјановска Давкова за „За или против“ на Алфа телевизија.

Таа истакна дека се чита преамбулата како историска приказна тоа е уставо-правната меморија.

Илјадната хрватска историја е таму. Сите републики и сите народи кога се распадна Југославија се повикаа на правото на самоопределување дои отцепување тоа значи дека ако во рамките на федерацијата имаат такво право, значи дека може и самостојно да продолжат така и имаат паво на сувереност. Првиот член и вториот член на хрватскиот устав велат дека Хрватска дека е национална држава на хрватскиот народ и држава на малцинствата, изјави таа.

Додаде дека кога се вели национална држава не се вели дека државата сега се создава, се влече својот легитимитет, државно правен континуитет.

Ние имавме слична работа во поблага форма. Во двата устави и македонскиот и хрватскиот има „и други“. Не може сите да се набројат туку треба да се гледа суштински што им се гарантира, истакна Силјановска Давкова.

Во однос на работните групи, таа потенцираше дека власта со тоа се труди да креира перцепција дека тргнала работата и дека уставните измени не се пишуваат туку така.

Промена на Устав е сериозна работа и не се прави вака. Ни се смеат на Преспанската измена уставоправен аспект. Дури ни професори по Уставно право не знаат што значи дека зборот тој и тој се менува со реченицата таа и таа. Тој што го пишувал тоа нема поим од Уставно право. Нелегитимно е и да се менува устав во последна година од мандат. Потоа никој на избори не праша дека ќе се менува Устав, нагласи Силјановска Давкова.

Таа потенцираше дека Устав не се менува како на берза.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.