Говорејќи за ветувањата на СДС за уставните измени, пратеничката и кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, во „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека новата политичка констелација во земјава ќе донесе и нов пристап кон решавањето на прашањето за уставните измени.
Точно е дека претседателот е овластен предлагач на амандмани, инаку да повторам – се шокирам кога слушам такви лаички изјави од типот дека ќе продолжиме таму каде што ќе застанавме. Замислете новиот состав ќе продолжи таму каде што застанал претходниот. Тоа е непознат феномен на уставното право.
Програмата е основ за постапување, што значи постапка ќе почне одново. Јас би можела да зборувам само доколку одлучам или доколку станам претседателка. Јас да предлагам измени, инаку би било кршење на начелото на поделба на власта, бидејќи во актуелниот пример предлагач на амандманите беше Владата“, рече таа.
Силјановска Давкова додаде дека тезата само ако продолжите таму од каде што e застанато со амандмани тогаш сте проевропски настроени е многу погрешна.
Прво граѓаните ќе кажат за кого ќе гласаат, бидејќи тогаш во програмите ќе има се разбира и решение за уставните измени. Тезата дека се е завршено, преговарачката рамка е прифатена од сите и тука нема никакви измени не држи и го видовте тоа со примерот со Србија и со Косово.
Прашањето е во интерпретацијата имено што е можно, бидејќи денеска едно од најактуелните прашања во ЕУ, е опасноста од ветото и да се стави крај на ветото, кога се работи за политиката на проширување“, укажа Силјановска Давкова.
Таа посочи дека според основните документи на ЕУ, не смее прашањето билатералните односи со Бугарија, да биде дел од преговарачката рамка.
Не смее разликата во поглед на ставовите да биде основ за посегање по вето“, нагласи таа.
Силјановска Давкова појасни дека наједноставното сценарио за образот на ЕУ, како заедница втемелена на вредности, би било она кое што е врзано за оние скромни услови, во смисла на приближување на Бугарија и Македонија, бидејќи тоа е суштината на членот 8 од Лисабонскиот договор, каде што се вели дека ЕУ ќе поттикнува договори меѓу членките на ЕУ и соседите врз реципрочна основа, во смисла на чекор напред од Бугарија. Бугарија има судија во Судот во Стразбур, Бугарија е потписник на Конвенцијата, истото и ЕУ, значи сигурно дека за неа исто така важат пресудите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.