Тешко носам одлуки, но стојам зад нив. Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа и да коментираме, туку да сториме нешто. Еден ден со право ќе не прашаат каде бевте и што правевте со државата која вашите татковци и дедовци ви ја дадоа“, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ,, Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето зошто по втор пат влегува во трката за претседател на Македонија.
Силјановска Давкова истакна дека уште една од причините поради кои се нафаќа на кандидатура е дека за секој од нас е тешко да чуе дека однадвор имаат поголем респект за државата, отколку државата за своите граѓани и граѓаните јасно ја гледаат ситуацијата во која се наоѓа државата.
Мислам дека амбиентот сега е поинаков од минатите избори, граѓаните ги споредуваат мојата четири годишна работа во Собрание и пет годишната работа на Пендаровски. Покрај тоа консолидацијата во ВМРО-ДПМНЕ е на далеку повисоко ниво од минатите избори, некогаш и патот е важен како и резултатот, потенцираше таа.
Во однос на тоа какви каква кампања очекува и дали ќе добие поддршка од другите противкандидати во евентуалниот втор круг, Силјановска Давкова изјави дека очекува витешка битка, а воедно очекува и поддршка од сите останати затоа што луѓето се ценат по стручност и компетентност.
Што се однесува до борбата, знам дека битката дека меѓу мене и колешката Ванковска ќе биде витешка, можеби е време да покажеме ние жените дека е време за витешка битка, очекувам дијалог со аргументи, а за останатите мислам дека во вториот круг ќе ме поддржат. Ако сте опозиционер логично да ја поддржите опозицијата.
Меѓу пратениците јас не правам разлика по етничка или партиска основа, имам луѓе со кои одлично комуницирам по принцип на стручност и компетентност. Имам и побратим Албанец во семејството, време е за национално единство во секој поглед, надминување на партиските разлики коа се работи за прашања од државен карактер, истакна Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.