Како е можно по децениска образовна, научна и експертска активност во најпрестижните европски институции и десетици академски трудови објавени во западноевропските списанија и книги, една марксистичко-сталинистичко-енверистичката партија, која не е примена во ниту едно партиско семејство во Европскиот парламент, да ме напаѓа и обвинува за русофилија и путинизам?

Партијата, којашто 22 години е на власт, од кои 16 непрекинато на „Илинденска“, сега, фројдовски ја проектира сопствената фрустрација на други. Ноторен факт е дека токму ДУИ во своето соопштение, признава дека овозможила сериозно руско влијание во Македонија.

За среќа, веќе триесет години мој професионален дом е најстарата европска институција, Советот на Европа. Мојата комуникација со Стразбур е поврзана со човековите права, владеењето на правото и демократијата.

За разлика од мене, комуникацијата на Али Ахмети и други функционери на ДУИ со Стразбур е поврзана со хашките случаи. Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, во писмото до Владата порача дека во Европа, согласно со меѓународното право, воените злосторства никогаш не застаруваат.

Време е сите актери во Македонија да се однесуваат европски.

Линк од Фејсбук објава на Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.