Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова во интервјуто за „Република“ вели дека на джавата и се неопходни силни интитуции а не моќни поединци кои најчесто се политички хиени.

Нам ни требаат силни институции а не моќни политички поединци кои за жал најчесто се политички хиени-вели посочува Давкова во интервјуто за „Република“.

Професорката верува дека можеме да ја направиме Македонија горда,  иако признава дека тоа ќе биде еден долг процес.

Прво да не си ја забораваме историјата и коренот.Менувајќи ја Преамбулата тие ја менуваа историјата што е недозволиво.Не можете да се откажете од Илинденците, од Гоце Делчев, од Антифашистичкото партизанско  движење и од слободата извојувана со сопствени сили.Не може да се откажеме од Повелбата на Обединетите нации во  која нема мали и големи држави.Треба да потсетувате ако сакате да бидете дел од ЕУ на темелните вредности и принципи на Унијата.Треба на вистински места да дојдат најдобрите и најумните а не да заминуваат од Македонија.Треба да го оставиме судството да суди на мира.Треба да бидеме горди на дострелите во културата и уметноста, на спортистите, на научниците.Ако Македонија ја претставуваат најдобрите и ги цени, тогаш гордоста ќе се врати, на улица ќе гледаме среќни лица.Како да бидам горда ако живеам во земја која се смета за најнесреќна или за најнеобразована, имаме повеќе  Универзитети по глава на жител од Британија.Мораме да ги одбереме оние што веќе се Европјани или Американци.Оние кои што се докажани, тие имаат самодовреба, и нивниот рамноправен настап во сите области ќе доведе до почит.Ако сте почитувани вие ќе бидете горди.Републиката да стане  горда повторно-посакува Силјановска-Давкова



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.