Не верувајте им на различните комбинации, тоа е политичка фантастика. Неверојатна политичка математика. Зошто ќе имаат тажен крај? Бидејќи, секој човек може да забележи што се случува во оваа група што оди заедно. Фрлете поглед на оваа група напред, фрлете поглед на дебатите, фрлете поглед кога доаѓаме и си заминуваме. Ние сме заедно, ние сме насмеани, истакна кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова од митингот во Демир Хисар.
Ние знаеме дека нашите чекори се вистинските, демократските, на промените и реформите! А тие, како и секогаш кога некој си оди, почнуваат да се расправаат. Стимулираат делби! Не дозволувајте да внесат нови поделби меѓу вас без оглед на етничка, верската, социјалната, идеолошката или било каква определба! Не е време за делби! Време е за единство! Она национално единство мора да се оствари! Јас ви тврдам дека ќе има единство! И меѓу претседателката и владата водена од премиерот, ама исто така и единство нераскинливо со народот, со граѓаните! Ви ветувам дека секој ден ќе ве потсетуваме дека сме тука заради вас граѓаните!, додава Силјановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.