Професорката Силјановска-Давкова за прв пат за „Република“ открива дека Македонија треба да почне лобирање за членство во Советот за безбедност на Обединетите нации како непостојан член.
Тоа го можеме бидејќи ние сме имале и во ОН претставници, дипломати кои останале запаметени.И овде имаме луѓе кои се изворедни во дипломатијата и има што да кажат, само што треба да се однесуваме одговорно, посветено, да лобираме, да покажеме и да докажеме дека иако сме мала држава имаме и ние зад себе историски ама и сега субјекти, универзитети, наука што изнедрила личности-државници кои рамноправно можат да одлучуваат во надворешната политика.Тогаш кон нас ќе се одлучуваат со почит.Ама ако вие не заслужувате почит тогаш тоа ќе дојде до израз во секој разговор.Ако го зборувате тоа што не го мислите, ако не го зборувате тоа што морате да го кажете, ако го зборувате тоа што другиот сака да го чуе-тогаш вие не можете да бидете достоинствени.Потребни се темелни реформи и да ги препознаеме луѓето кои знаат и умеат, луѓе кои се почитувани надвор, оти сликата за Македонија и односот кон Македонија на претставниците на ЕУ и САД во голема мера зависи кој ја претставува.Ние сме потонати во тешка криза не само на лидерство туку и на просечност и потпросечност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.