Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова вечера одржа митинг во Велес.

-Ги нема сликите низ весниците кои се најдобар доказ, бидејќи сликите понекогаш повеќе кажуваат од зборовите, за тоа кој е кој во ова корупциско и криминално гнездо. Колку претседатели сте виделе, колку премиери сте виделе, колку министри за внатрешни работи сте виделе седнати на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти? Може да се сликате со некого на улица, ама на софра да бидете тоа значи дека сте во спрега. Значи, во право е претседалот на ВМРО-ДМПНЕ кога вели дека, не само со чинење, не само со криминални активности, туку и со замижување пред криминалот и корупцијата вие сте соучесник во нив, порача Силјановска Давкова.

Претходно, професорката беше и во Свети Николе од каде истакна дека во моментов имаме 17 непополнети амбасади поради партиски несогласувања.

-Значи имате амбасадори од кариера кои може да ги пратите каде сакате. Ама, имате обврска да ги пратите оние со кои претседателот на минатите претседателски избори, а веројатно и на овие, се договарал дека ќе дојдат на позиции. Позиции што иако не се заслужени, во договорите треба да ги добијат коалиционите партнери, нагласи таа.

Силјановска Давкова посочи дека ако дипломaтијата е наше огледало, оние однадвор не гледаат убава слика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.