Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24 истакна дека во Рамковниот договор не случајно стои 20% и тие не се однесуваат само на албанскиот јазик.
Во амандманот 5 на локално ниво се однесува и на останатите јазици. Не случајно е одбрано 20% и тоа не е наметнат македонски предлог, тоа е од Меѓунардоната заедница. Во другите земји, тој процент е поголем. Ако е дел од Рамковниот договор, а таму не смееше ништо да се смени, иако сега е дел од Уставот. Не мислам дека ова треба да се менува и сосема е јасно дека тоа е албанскиот јазик на државно ниво и другите јазици на локално ниво. Законот за употреба на јазиците е ужасен, неуставно донесен, со неуставни решенија, може да се направи некоја ревизија, да се посегне по друго решение и Уставот не треба да се менува, вели Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.