Владејачкото мнозинство вчера во Собранието е во обид неделовнички да го разреши Фадил Зендели, од член во Комисијата за прашања за избор и именувања.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова во таа насока кажа дека власта не може да се повикува на народната волја, ако таа не е пресликана секаде, па кажа дека владејачкото мнозинство направило преседан и со изборот на Талат Џафери за претседател на собранието, кој доаѓа од партија која има само 15 пратеници, а во компаративното право, претседател на Собранието доаѓа од редовите на пратеничката група со најголем број на пратеници, заради легитимитетот.

Преседаните во ова Собрание зашочнаа уште на конститутивната седница. Дел од конститутивната седница е изборот на Комисијата за прашања за избор и именувања, зошто? Затоа што во чл. 22 се вели дека кандидат за претседател на собранието може да предложи Комисијата за прашање на избор и именување или најмалку 20 пратеници. За жал претседателот не дозволи да се конституира Комисија за избор и именувања, и така тој осамна како единствен кандидат, кажа вчера Силјановска Давкова.

Таа констатираше дека пратеникот Зендели е во право, кога рекол дека пратениците легитимитетот го добиваат од резултатот на изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.