Првото прашање е за министерот за животна средина и просторно планирање. После долга работа од 2018-та во министерството за животна средина и просторно планирање беше лоциран проектот и тоа многу ретко по она што ние го нарекуваме „by the European book“ односно прво беше изработен проект и финансиран од ЕУ, а по него и направен нацрт, текстот од министерството од животната средина, зборувам значи за законот кој што по мене е многу важен односно за законот кој што треба да овозможи заштита од климатските промени. Значи моето прашање ќе биде што стана со законот за климатска акција – праша пратеничката Гордана Силјановска Давкова на собраниската седница за пратенички прашања.

Таа додаде дека второто прашање се однесува за министерот за образование.

Значи станува збор за довршување на факултетите ФИНКИ и факултетот за физичка култура. Веќе реков дека моето адресирање на овие прашања не беше разбрано или се одвојуваше по некој денар колку да се смири совеста. Затоа еве јасно му се обраќам овој пат на министерот за образование. Зошто? Пред неколку дена претседателот на државата ја додели наградата најуспешни ИТ инженери, меѓу кои еден од лауреатите беше Андреј Миловановиќ. Зошто е ова за мене важно? Бидејќи јас очекував од претседателот на државата да се обрати, но меѓутоа изгледа чека овие двајца да станат претседатели еден ден па и затоа не е многу загрижен, односно тогаш нема да си одат од земјава. Студентот Миловановиќ, инженер доаѓа од факултетот ФИНКИ, а ФИНКИ е познат по најголем број на студенти во оваа област што се запишуваат ама и по најголем број на дипломирани студенти. Во меѓувреме додека студираат, студентите одат на пракса најчесто во западните земји и доживеавме во Естонија, Латвија, Летонија, нивните министри за образование да кажат дека извонреден кадар доаѓа од Македонија. Ако Миловановиќ и нему сличните се препознаваат во светот како извонредни ИТ инженери и посакуван кадар тогаш колку и време ќе чека за да некој да пресече црвена лента –  истакна Силјановска Давкова.

Пратеничката го праша министерот за образование кога ќе ги доврши ФИНКИ и факултетот за физичка култура, бидејќи студентите заслужуваат свои простории во кои ќе учат.

Третото прашање е за министерот за надворешни работи. Тој во последно време развива еден концепт, велејќи кој што добива бизарна форма на канибализам изјавувајќи дека ако не сте на масата, ќе бидете на менито. Замислете, ако не сте на европската маса, ќе бидете на менито за некој од членките на ЕУ. Да го потсетам министерот, господинот Петков многупати рече дека никогаш не сум решавал и нема да решавам под притисок. За разлика од нашиот министер кој ниту го знае начелото на законот на акција и реакција, туку уште и пред воопшто да биде притиснат од некого им ги чита мислите односно му ги чита мислите на европјанецот и се разбира размислува можеби на англиски, па прво пишува текст на англиски, а потоа го преведува на лош македонски јазик. Значи моето прашање е како Вие како министер за надворешни работи, и како Вие како премиер, не си ги знаете уставно правните функции? Собранието е тоа кое што води надворешна политика и Собранието е тоа кое што може да менува Устав по пат на амандмани – заклучи Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.