ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕ ГО ОТФРЛИЈА НЕПРИСТОЈНИОТ ПРЕДЛОГ НА ВЛАДАТА И НЕДЕЛКОВ!
Наставниците се длабоко разочарани, откако синоќа бомбастично беше најавено процентуално зголемување на платите на воспитно-образовните работници. Претседателот на СОНК, синдикат кој доби масовна поддршка од сите вработени, па дури и од тие над 45% кои не се членови на СОНК, искажа задоволство од постигнатиот договор, а согласноста на штрајкувачите ја претстави како формалност. Ваквата изјава е во најмала рака скандалозна!,објави Левица.
Во нивниот пост на Фејсбук, понатаму се вели:
Вработените во воспитно-образовните установи не штрајкуваат за милостина искажана во проценти, туку за остварување на РАБОТНИЧКИ ПРАВА УТВРДЕНИ СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР! Договор, кој сè погрубо се крши од страна на власта и затоа, претседателот на СОНК не може да прифаќа паушални предлози, кои воопшто не ги решаваат правата од Колективниот договор.
❌СДСМ дрско манипулира и шири дезинформации за претходни зголемувања на плати, но наставниците од ветувањата на министерот Бесими немаат видено ниту денар. Иако при носењето на буџетот за 2022 година, владата на Ковачевски најави дека се одвоени средства за покачување на платите од 7 проценти, посе четири месеци, ова покачување за кое се предвидени средства не е реализирано.
⚠️Коефициентот за исплата на платите на воспитните работници, предвиден со Колективен договор е 2,5, а истиот во моментов е 1,38 во однос на минималната плата и значително понизок од просечната плата што се исплаќа во државава.
❌За лицемерието на власта говори фактот што Министерката за труд и социјална политика Тренчевска се заканува дека нема да потпише да им се исплати плата на вработените во детските градинки, а во исто време таа секој месец потпишува исплата на плати по Рамковен договор на лица кои не работат – не поради штрајк, туку едноставно поради тоа што ниту немаат работен ангажман.
🔸Социјалниот дијалог не смее да се сведе на ценкање и натегање, туку да обезбеди правично и соодветно вреднување на трудот!
🔸Поради ова, претпладнево над 90% од штрајкувачите се изјаснија за отфрлање на предлогот и продолжување на штрајкот. Дел од вработените своето незадоволство го искажаа со протести пред зградата на СОНК, против прифатениот предлог од страна на претседателот Неделков.
🚩Левица како партија која што ги штити правата на работниците ги охрабрува штрајкувачите да го продолжат штрајкот и покрај лицемерието на власта и сервилноста на синдикалниот водач, стои во постот на Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.