Штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги (УВМК) останува во мирување.

Како што информира Минситерството за правда, на денешната средба на раководството на УВМК со Независниот синдикат и претставник од Владата договорено е до 1 септември да се подготват три опции за начинот на кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во УВМК.

На 15 јуни беше потпишан колективен договор, со кој се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и др. Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата, се вели во соопштението.

Министерството за правда, како што се наведува, и во иднина ќе се грижи за унапредување на правата на вработените во УВМК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.