Денеска треба да почне штрајкот на вработените во АД „Пошта на Македонија“. Причините за штрајкот е, како што велат неизвесната иднина на над 2.200 вработени и иднината на компанијата и неоствареното барање за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари. Се бара гаранција за зачувување на работните места, редовна плата и нова систематизација.

Од Синдикатот велат дека голем број од вработените добиваат плата од само 17.000 денари. Во време на штрајкувањето вработените ќе ги извршуваат само оние услуги од поштенскиот дел како судски препорачани пратки, пратки за прекршоци и пратки за одбрана и безбедност. Сите останати видови на услуги ќе бидат во мирување. Поштенските единици ќе бидат отворени за извршување на услугите на физичките и правни лица. Се тврди дека штрајкот го поддржуваат над 90 отсто од вработените.

Менаџментот на АД „Пошта на Македонија“ – Скопје, вчера попладнето во очи на најавениот штрајк од двете синдикални организации соопшти дека поднел иницијатива за започнување на постапка за мирно решавање на работниот спор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.