Во атарот на селото Арачиново попладнево не паднало никакво летало, велат од МВР за Канал 5, откако претходно денеска жители од  Бујковци пријавиле дека  паднало некакво летало, дрон или друг објакт. Очевидците за Телма кажаа дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал.

Некои шпекулации велат дека е можно и да паднал дрон како оној во близина на Загреб, но од МВР велат дека ниту од цивилната пловидба ниту од другите надлежни служби веста дека имало пад на некакво летало, не е потврдена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.