Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов е во работна посета на Сплит, Република Хрватска. Тој денеска на својот фејбук профил информираше дека на покана на градоначалникот на Сплит, Ивица Пуљак по повод Денот на градот Сплит, присуствувал на свечен ручек со Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.
Штип и Сплит како збратимени градови продолжуваат да негуваат и развиваат соработка во повеќе општествени области. Заеднички разменивме мислења и искуства за тоа како во иднина успешно да ги развиваме и унапредуваме нашите општини со цел подобрување на животот на нашите сограѓани, вели Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.