Докторката од Инфективната клиника Жаклина Шопова ги повика сите кои не земале плата в понеделник на 20.2. да испијат кафе за време на паузата и да искажат револт што претпоставените ги дрѓат во неизвесност кога ќе им бидат исплатени парите.

Ги повикувам кои не земале плата: директори, професори, доктори, мед. и помошен персонал, синдикалци и несиндкалци… да се напиеме по едно кафе, може и од термос, еве во понеделник 20.02.2023 г (ја потенцирам датата, бидејќи никој досега не кажа кој понеделник) за време на пауза 10-10.30 ч. Во петокот директорите ни ветија плати, а администрацијата од клиниките по нивна наредба се растрча по нашите податоци да ги обработи и достави, па рекоа ако не стигнеле, најкасно ќе земеме во понеделник, но кој?
И ФЗО излезе со изјава дека од понеделник ќе има плати…но не кажа точно од кој понеделник ..од утре, од наредниот…или од мартовскиот понеделник‼️
Бесим пак не убедува дека ќе ги исплатат платите од Трезорот, ако ФЗО не ги исплати до понеделник, нешто и Ковачевски потспомна… но кој понеделник…и тој не ја кажа датата , а и од каде им се нашите податоци, или исплата од Трезор е возможна и без податоци!?
Па тогаш зошто чекаа, чекаат и ЌЕ чекаат‼️
Синдикатите и тие во понеделник ќе се состанат , и ќе повикаат на штрајк…дури и во вторник да сме земале плата во среда синдикатот штрајкува!?…а да повикаше и организираше штрјак малку порано, а не кога белите мантили почнаа да се раздвижуваат?!
Дали на директорите, на ФЗО, на Бесим, на Ковачевски и на сите останати кои од 10.02.2023г. кога не се исплати личниот доход во сектор здравство им станува јасно зошто покрај понеделник мора да има и дата и дека покрај денот кој ќе им го соопштите и на тие што се на било какво боледување, и ги чекаат парите многу им е битна датата, а не понеделникот‼️



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.