Минале дури осум години минале од 1993 кога претседателката на Судскиот совет Весна Дамева завршила средно образование се до 2002 година кога дипломирала, пишува „Експрес“.
Како што пишува порталот, Дамева требало да го заврши Правниот факултет во Скопје за четири или евентуално 5 години, но не била баш добра студентка. Како што анализираат, ако се запишала веднаш по средното образование, тогаш Дамева студирала цели осум години односно време кое што е потребно за да се завршат два факултети.
Со тоа, како што пишува „Експрес“, Дамева која сега е „Алфа и Омега“ во Судскиот совет и која раководи со оценување сите судии во земјава, за секоја учебна година од студиите потрошила по две години.
Тоа според професори кои инсистираат на анонимност, ја става меѓу најлошите студенти во историјата на Правниот факултет во Скопје и заедно со Катица Јанева, убедливо најлошата студентка која станал шефица на врвна правосудна институција, пишува „Експрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.