Околу 60 турски студенти кои студираат во Штип ќе добиваат бесплатна храна за ифтар. Ваквата организација доаѓа со цел помош на оние, чии родители во Турција се соочуваат со проблеми по стравотниот земјотрес што ја зафати земјата.

Помошта доаѓа за уште толку верници од исламска вероисповед, штипјани кои овој месец ќе ги постат рамазанските пости.

Имаме околу 60 студенти од Турција, во земјотресот што изгубија буквално сѐ, родителите не можат да им праќаат ништо. Ние им помагаме овде, а родителите нивни живеат во шатори во Турција. Сега ние како им помагаме? Ги повикуваме овде, тие се запишани со име и презиме и ќе дојдат овде вечерва, ќе може овде да вечераат без пари затоа што постат. Ќе им припремиме и мало пакетче со сахур за да може изутрина да јадат, изјави Џевџет Зејнелов, одговорен за организацијата.

Храната е потпомогната од муфтиството, од каде сѐ уште испраќаат помош и за настраданите во Турција. Зејнелов посочи дека помош испраќаат и штипјани кои живеат во странство и тој апелира на дополнителна помош со цел да се обезбеди храна за сите оние, кои се во тешка финансиска состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.