Завршивме со овој процес, сите да ги имаме позитивните поуки. Иако беше долг процесот, сите сме добитници – сите освен тие што изгубија во наставата и да се најде начин и тоа да се искоригира, изјави вечерва за ТВ Сител министерот за образование и наука Јетон Шаќири околу договорот со СОНК за покачување на платите.

-Кажувам дека сме добитници бидејќи имавме можност во овој период на лоша економска ситуација да најдеме начин за повисоки плати, сме добитници за тоа дека се отворија повеќе колективни договори и се отворија неколку дискусии во тие колективни договори каде што ќе има повеќе придобивки и за наставниот кадар освен ова што е предвидено. Мислам дека беше добар, отворен процес и нашите преговори со СОНК ќе продолжат не завршуваат со она што денеска се потпиша туку ќе ја разгледуваме заедно секоја стратегија за основно и средно образование-рече Шаќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.