Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, на која се разговарало за тековните активности и засостојбата во образованието, продлабочување на соработката на сите полиња и идните планови за развој на националниот образовен систем.
Како што информираат од Министерството, Шаќири ја запознал амбасадорката Брнз со состојбата поврзана со процесот на дигитализација на образованието, како и со реализацијата на реформите во основното образование, при што се им заблагодарил на владата и на граѓаните на САД за досегашната помош и поддршка за имплементирање на светските трендови во училиштата во државата.
Шаќири истакнал дека САД се важен партнер во реализација на неколку важни проекти што МОН ги реализира со агенции на владата на САД, како и со Мировниот корпус, кој повеќе од две децении, како што рекол, успешно работи на проекти што помагаат во развој на заедниците во земјата.
Амбасадорката на САД, Брнз, посочила дека американскиот народ и владата се подготвени за продлабочување на соработката во сите сегменти на развој на македонскиот образовен систем, при што истакнала дека поддршката ќе продолжи и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.