За сите акутелни прашања кои ги засегаат учениците и студентите во државата, како и за креирање на нови младински политики, мерки и активности со кои ќе се унапредуваат ученичкиот и студентскиот стандард и натаму ќе се дискутира на состаноците на работната група МОН – Млади, која се покажа како исклучително ефикасна во изминатиот период.

Kако што информираат од МОН, ова го истакнал министерот за образование и наука Јетон Шаќири на средба со претставници на Младинскиот образовен форум, организација која е дел од работната група МОН – Млади. Тој рекол дека младите отсекогаш биле и остануваат клучен партнер на МОН во заложбите за обезбедување на што подобри услови за учење и студирање во земјата.

Како што потенцирал Шаќири, гласот на младите е најважен, бидејќи, според него, тие најдобро знаат што им е потребно за поквалитетен ученички, односно студентскиот живот и затоа за секоја нивна иницијатива и сугестија вреди да се дискутира.

Во работната група МОН-млади учествуваат претставници на младинските организации, Универзитетско студентско собрание и Сојузот на средношколци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.