Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, истакна дека од 1 септември ќе има бесплатни учебници и тие навреме ќе бидат доставени до учениците.

Од 1 септември ќе имаме бесплатни учебници, се работи на законското решение, со кое сите технички проблеми и сите законски ограничувања ќе бидат решени – одговори Шаќири на прашањето дали учениците навреме ќе добијат учебници.

Тој додаде дека веќе има одобрено учебници, што значи дека наредната учебна година, учениците не би требало да се соочат со проблеми како оваа година, која скоро да помина без учебници, а и оние што ги има се преполни со грешки.

Од 1 септември имаме одобрено учебници, немаме забелешки во тоа дека немаме учебници за печатење, ќе почнеме постапка и за дигитална форма на учебници. Од 1 септември оваа година сите учебници ќе бидат доставени до сите ученици и тоа ќе треба да се случува и со новата концепција – најави Шаќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.