Министерот за образование, Јетон Шаќири, вели дека и тој си го поставува прашањето зошто нема дојави за бомби во приватните училишта.
И јас се прашувам неколку пати зошто само во државните училишта. Не сакам да кажам да има дојави за бомби и во приватните училишта, туку би сакал да кажам да нема дојави и во државните училишта. Што се однесува до државната матура, Државниот испитен центар ги зема сите други чекори за да се организира успешна државна матура. Матурите ќе се организираат – рече Шаќири.
Според него, не е лесна одлука сите ученици од средните училишта да се испратат на онлајн-настава.
-Се прават анализи, се гледаат искуствата од другите земји. За тоа да се потврди, треба да го потврдат и органите за безбедност. Не се знаат последиците во другите градови и другите училишта, додаде министерот за образование, потенцирајќи дека МОН е против онлајн-настава но одлуката ја донеле по препораките за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.