Имаме сериозен не само криминоген, туку и институционален и политички проблем со министерот за надворешни кој постојано разгорува меѓуетнички тензии или застапува интереси на соседни држави, реагира Ивор Мицковски.
Сега реагира на искажана изјава на најверојатно утре мнозинска и мандаторска партија која вика: Со ДУИ коалиција нема да има!
Се јавува Бујар кој ќе спичка иначе 5 милиони за ОБСЕ конфенренција, а дома шири национален раздор и етничка психоза и вика: Дури постои ДУИ и Ахмети на Албанците нема да им фали влакно.
Чекај бе друже, какви влакна и депилации, овде се збори за легитимно право да отидеш во опозиција после 20 години Али Баба и 40 разбојници, а ти збориш дека некој се заканува до Албанците.
Веќе збореше за завери на бизнисмени, па Али се надоврза со наводни нацистички хајки против ДУИ.
Ја искрено не верувам дека без ДУИ утре нешто ќе прави, тоа е за будали, ама барем сочувајте малце достоинство и нешто од таа наводна државотворност која наводно сте ја вградиле во државава, пишува активистот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.