Поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски се спрема за дипломатка кариера во Франција. Како што дознава „Република“, по пропаднатите предлози за пополнување на амбасадорското место во Париз, Владата сега ќе се обиде со Ковачевски.

Веста доаѓа точно дваесет дена по неговата оставката , за која тој рече дека е од лични причини.

Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски на прес-конференцијата пред 20 дена.

На ова реагираше неговата поранешна сопруга која го праша – „На кое семејство ќе му се посвети??? На децата кои се возрасни и последните 15 години ги гледаше по 2 часа во неделата…“

Неофицијални информации на МКД.мк, пак, велат дека за амбасадорското место во Букурешт се подготвува Андреј Жерновски, Игор Попов ќе се пража во Бразил, Емил Крстевски во Прага, Пајо Авировиќ во ОБСЕ, Џенк Сејфула во Стокхолм, Шпенд Садики во Израел, Јасмин Ќахил во Варшава и Јакуп Реџепи во Сараево, а поранешниот министер за правда Никола Тупанчески во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.