Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата, соопштија од српското Министерство за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Белград.

Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, се наведува во соопштението на срспкото МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.