Каде се парите и фондовите, таму се и апетитите на Албанците. Тие тактички бараат и се шират во сите државни и општествени пори, а СДСМ алчен за власт отстапува. Веќе не е важно дали премиерот бил Албанец или Македонец, кога за тесните интереси на врвот на една партија, со државните добра целосно управуваат Албанците.

И ако до скоро СДСМ ѝ ги задоволуваше потребите на ДУИ, деновиве своите 5 минути ги доживува Алтернатива. Вработени во ПИОМ кои од оправдани причини сакаат да останат аннимни сведочат за „Република“ дека доаѓањето на Дритан Беџети на чело на оваа институција било прославено со гласна албанска музика. Или кажано со воен речник, како заземање туѓа територија.

Не дојде сам, донесе екипа од дваесетина свои луѓе, сите мажи и сите Албанци со несоодветно или речиси никакво образование. Овде по канцелариите се прославува со музика. Никој ништо не работи, а ние сме под страшен притисок, со закани и уцени. Се силат, и вистина – никој ништо не им може, велат вработени во ПИОМ за Република.

Дека станува за голема победа и „освојување“ на Пензискиот фонд може да се види и од Фејсбук профилот на Фатон Сељами, член на Советот на општина Тетово, кој со гордост му честита на Беџети и му посакува среќа.

Од друга страна, Билјана Јовановска е долгогодишен истакнат и истурен член на СДСМ. Таа беше и активен учесник во Шарената револуција, а ја обвинуваше и поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ дека со години трпела притисок. Така што жртвувањето на кадар како Јовановска и триумфалното заземање на нејзиното место од страната на Алтернатива може да се протолкува и како демонстрација на моќ и надвласт над партијата која го има премиерот, а загубила се друго.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.