За коалицирањето со ДУИ Зијадин Села вели дека по случувањата во партијата на располагање имале две можности – или да не одат на избори или да коалицираат. Можноста да не настапат на изборите, според Села, не доаѓала предвид затоа што, вели, тоа би им одело во прилог на сите политички поединци и партии кои сакаат да ја снема Алијанса за Албанците од политичката сцена, а тој тоа нема да го дозволи. Одлуката да коалицираат со Европскиот фронт, како што посочува, била донесена на Централното собрание.

– Во политиката секогаш велам дека носиш одлуки со политичките алатки што ги имаш во моментот. Јас не можам да донесам одлука со политичките алатки кои ги имав пред една година, бидејќи веќе ги немам. Во моментот кога требаше да одлучиме како АА, имавме само две можности – да не учествуваме на изборите бидејќи немавме можност, немавме печат или да се приклучиме кон една коалиција. И тоа беше одлуката донесена од страна на Централното собрание на партијата да се приклучиме на коалицијата „Европски фронт“, посочува Села за МИА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.