Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА Арбен Таравари најавува жалба.

– Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села, изјавија за МИА од крилото на Села.

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села.

– Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ… и да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање … што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, вели Таравари во објавата на Фејсбук.

МИА се обиде да стапи во контакт со Основниот суд Тетово од каде ни беше посочено да испратиме официјален меил во текот на утрешниот ден.

Алијанса за Албанците се подели на две крила откако Таравари го повика членството да ги поддржи во одлуката да настапат заедно со албанската опозиција. Села и Таравари најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Таравари одлучи на претстојните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.