Со симулација на конститутивната седница на идното Собрание, „Европскиот фронт“, коалицијата предводена од ДУИ ја стартуваше кампањата за претстојните парламентарни избори.
Симулацијата го претстави Зијадин Села за претседател на парламентот, инаугурација на Бујар Османи за новпретседател на државата и усвоени измени на Уставот за внесување на Бугарите.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети го потенцираше барањето за тоа како во иднина треба да се бира претседателот на Македонија.
„Едногласно ги поддржуваме уставните измени, исто така поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива за шефот на државата да биде избран во Собранието бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело, ние сме парламентарна република и мора да се практикува парламентарната демократија, за идниот претседател да биде избран од мнозинството пратеници и по принципот на Бадентер“, изјави Али Ахмети.
Слоганите со кои овој „Европски фронт“ ќе ја бара довербата од гласачите гласат „Еден премиер за сите“ „Не на Русија, да за Европа“. Бујар Османи чија кампања се води под слоганот „Европски претседател“ изјави:
„Јас не бев кандидат на една партија, туку бев кандидат на сите заедници кои сонуваа за држава на еднакви можности, и мојот избор за претседател е остварување на долгогодишниот сон за рушење на бариерите кои ги ограничуваа луѓето да сонуваат без граници во оваа земја, па затоа сакам да им се заблагодарам на сите за дадената доверба и поддршка.“, оцени Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.