Како претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците, до овој момент не сум информиран за никаква коалициска понуда со друга политичка партија, реагираше поранешниот партиски лидер Зијадин Села, откако актуелниот лидер Арбен Таравари јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори.

„Лидерот на партијата не е тело за донесување одлуки, има право да го предложи телото кое има право да одлучува, а тоа е претседателството на партијата кое во моментов има одлука и тоа е дека Алијанса за Албанците оди сама на изборите. Следното тело за донесување одлуки е Партиското собрание“, напиша Села.

Според него, иницијалниот настап на Таравари на Фејсбук е тешко кршење на Статутот на Партијата за кој претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи, а истовремено, додава тој, тој штети на идеолошките принципи на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.