Европскиот фронт предводен од ДУИ се проширува. По Демократската партија на Турција во него денеска се приклучија таборот на Зијадин Села и Унијата на Ромите. За Арбен Таравари сите партии кои потпишале договор со Ахмети ќе се претопат во ДУИ, објави Глас.мк.
Таборот на Зијадин Села донесе одлука да се приклучи на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Со овој фронт Алијансата за Албанците по изборите ќе има парламентарна група и ќе биде клучен фактор за промените во државата, рече Села
Арбен Таравари пак кој денеска го презентираше како што рече вториот дел од претседателскиот кабинет, кажа дека и претходно со негови истомисленици, имале сомнеж дека одредени функционери од неговата партија се приближувале до ДУИ. Тој на Зијадин Села и неговите приврзаници му го понуди печатот и логото на партијата, но под услов да не завршат во коалиција со ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.