Алијансата за Албанците не е деструктивна партија, но многу закони заслужуваат да бидат блокорани, смета лидерот на партијата Зијадин Села.
Еден од нив е Законот за игри на среќа, вели Села кој додаде дека додека бил градоначалник на Струга, а и сега со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари биле обвинувани за „полнење“ на градовите со казина, но тоа било ингиренција на Министерството за финансии кое е раководено од ДУИ.
Јас бев тој што донесе одлука да се тргнат казината од главните патишта и школите, но тоа е ингиренција на Министерството за финансии, затоа од ДУИ манипулираат во јавноста, вели Села во Клик плус на ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.