Во еден од најголемите скандали во македонската дипломатија со години, амбасадорот Горан Цеков со указ е повлечен од амбасадата на Македонија во Токио, Јапонија, брифираат извори во Министерството за надворешни работи за „експрес.мк“.

Амбасадорот прво бил оценет како виновен за вршење сексуално вознемирување, а потоа од страна на министерот Бујар Османи и претседателот Стево Пендаровски биле донесени одлуки за негово итно враќање во земјава.

На Горан Цеков, по завршувањето на дисциплинската постапка во МНР, дадени му се пет дена да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје.

Скандалот се случил откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

Случајот прв го објави “експрес“ на први јуни, а потоа претседателот на собраниската комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, како и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.

Амбасадорот во дипломатските кругови важи за близок на шефот на државата Стево Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.