Министерот Фатмир Меџити веројатно го погрешил ресорот па наместо да се занимава со основната дејност на ресорот – здравството, очигледно се однесува како министер за надворешни работи, а Министерството кое го предводи го претворил на туристичка агенција, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Меџити кој повеќе шета низ светот, а многу помалку е посветен на решавање на проблемите на пациентите воопшто не покажа основна грижа за затворањето цели оддели по болници и што персоналот го напушта јавното здравство, а континуирано до нас пристигнуваат информации за неправилности и мобинг по ЈЗУ.
Меџити не го интересираат проблемите на дијабетичарите, не даде одговори ниту за забелешките од Извештајот на ЕК, не даде отчет ни за copy-paste буџетот кој покажува основна негрижа за пациентите и за инфраструктурата. За Меџити мисловна именка е инвестиција во кадар на среден и долг рок, како и капитална инвестиција во здравството, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека додека тој министерската позиција ја подразбира како шетање низ светот се затвораат оддели во болници и имаме четврти министер за здравство кој со прст не мрдна да го зајакне кадарот низ болниците во државата, истиот тој Меџити распишува огласи во самото Министерство за административен кадар и разни советници и соработници во најголем дел партиски кадри на Меџити од албанска националност.
Во последните неколку дена од кабинетот на министерот стасаа соопштенија за учество на Меџити на 28-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28 каде што тој остварил средби со Хилари Клинтон, поранешната државна секретарка на САД и со министерот за здравство и превенција на Обединети Арапски Емирати, АбдулаРахман Бин Мохамед Аловаис. Претходно Министерството информираше за посетата на Меџити во Велика Британија, каде што во рамки на работната посета остварил средба со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар.
Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ прашува:
На колку патувања досега бил Меџити и со колку членови во делегацијата?
Колку средства се потрошени за неговите патувања заедно со делегациите ?
Што конкретно договорил Меџити и што конкретно преземал за едукација на кадри во рамки на тие патувања, ако се земе во предвид дека соопштенијата негови содржат само празни ЌЕ флоскули?
Дали Меџити е информиран дека додека шета низ светот на КАРИЛ недостасуваат следните лекови:
Heavy Bupivacaine
Esmocard
Dexmetomidine
Dormicum
Ultiva ( remifentanil ) а имало периоди кога нема основно AtropinШто се случи со тематската седница на Влада на која требаше Меџити да иницира вработувања по болниците и тоа да биде приоритет и зошто не се обезбедуваат средства за медицински кадар од надлежните институции согласно потребите?
Одговорите се добро познати, а она што е повеќе од јасно е дека во оваа влада еден од најосетливите ресори-здравството е позициониран на маргините, а штетата од ваквите политики ќе биде на долг рок, се додава во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.