На здравје екипо, станавме најзадолжени во нашата суверена историја.
Само годинава 1,6 милијарди заем по астрономски стапки, во следни 5 години ќе треба да отплатиме 2,5 милијарди долг.
Во време на Грујо и Ставре тоа се викаше режим.
Рекордно иселени, рекорден демографски пад, рекордно разочарување на народот и недоверба во Владата, која глумејќи реконструкција, само се деконструираше.
Се зајмуваме како Грчка, се плаќаат партиски пејачки преку Култура, а луѓе умираат затоа што немало пари за лек.
Се фалат со 1300 км патишта, кога изградиле само 13.
Ученици немаат учебници, здравството е партиска и етничка катакомба, ПИОМ е хакнат, пари се испумпуваат за лажни болни или лекувања во странство преку посредници, ама битно ќе имало стабилно мнозинство.
Си отворија сите од власта по една фирма за производството на струја, а државата живее енергетска криза, луѓе парно немаат.
Овој систем не може вака да опстои, вие горе и насмеани, народот доле и депресивен, пишува во објавата на Фејсбук, Ивор Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.