Се вратија деведесеттите. Со Ковачевски како премиер, Груби како вицепремиер и Спасовски прв човек на полицијата се случуваат убиства, пасоши на криминалци се делат, наркотрафикантите седат до првите лица на владата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Спасовски вкупно е прв човек на полицијата 8 години, се случија стотина нерасветлени убиства. Што друго да се случи Спасовски да си даде оставка.
Треба да одговори дали има политичка конотација ова двојно убиство и каква е поврзаноста со крилата на криминализираните ДУИ и СДС?
Нема леб, скапи бензини, инфлација и многу убиства. Тоа е владеењето на Груби, Ковачевски и Спасовски, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.